• Picture 1


  • Picture 2


  • Picture 3

  • Picture 4

  • Picture 4

1 2 3 4 5


Производи

Уживајте во вистински гурмански оброк, подготвен со нашите производи, и дозвелете храната да донесе задоволство во вашето секојдневие
ЕКО-ГРУП ви нуди првокласни гурмански производи од органско потекло, достапни во низа продавници или со нарачување преку интернет.
Нашата појдовна идеја е да го зачуваме вкусот на храната, каков што го паметиме од нашето детство – кога јаболките имаа вкус на јаболки, а доматите имаа вкус на домати.
Нашите производи се вкусни, автентични, искрени и со висок квалитет. Тие се произведуваат во Македонија, место каде што традицијата и умешноста се сѐуште гордост на компаниите.

Со производен асортиман од повеќе од 50 производи ние се стремиме да станеме „ добавувачи - сѐ на едно место“ за висококвалитетни органски преработки од овошје и од зеленчук.
Почнувајќи од традиционалните македонски специјалитети до нови иновативни сертифицирани органски производи. Нашиот широк асортиман на производи покрај високиот квалитет и органскиот статус е создаден да ги задоволи и индивидуалните потреби на потрошувачите.
За таа цел создадовме повеќе видови производи кои ги нудиме преку нашите брендови.


Нашите брендови

Green Food е брендот во којшто се вклучени сертифицираните органски производи под којшто воедно се нуди и најголемиот дел од нашиот производен асортиман. Развојот на брендот Green Food започна во 2008 година. Со поддршка на Федерацијата на Производители на Органски Производи на Македонија, нашите први Green Food производи беа произведени во изнајмени производни капацитети и пуштени во промет на домашниот пазар. Денес, за нашите потрошувачи на домашниот и извозните пазари Green Food претставува етаблиран бренд препознатлив по врвниот квалитет и органскиот статус на производите од Македонија.




Органското производство во Македонија и регионот е сѐ уште во своите зачетоци. Многу од земјоделците и производителите допрва ќе отпочнат со преод во органско производство. Земајќи водечка улога во органското движење во Македонија, ние сме посветени да дадеме поддршка на производителите коишто се во преоден период кон органско производство. Со цел да ги охрабриме овие производители да опстојат на патот до успехот, како и да пронајдат пласман по фер цени ние вршиме набавка и на суровини коишто се во преод кон органско производство. Сите наши производи кои содржат суровини или состојки коишто не се потполно органски се продаваат под брендод Good Food. Следејќи ги нашите принципи за јасно и коректно етикетирање, производите вклучени во Good Food брендот на своите етикети не содржат никакви ознаки или наводи за органско производство.



Fit Food е бренд кој вклучува иновативна палета на производи кои имаат потенцијал за позитивен ефект на здравјето на потрошувачите. Притоа овој потенцијал се однесува на придобивките кои не произлегуваат од основните хранливи вредности на производите. Луѓето имаат индивидуални потреби и преку диверзификацијата на нашите производи можеме да придонесеме за постигнување на нивната благосостојба. Ние развиваме специфични рецепти како решение за потребите на специфични целни групи на потрошувачи. Покрај одличниот вкус и врвниот квалитет нудиме производи кои промовираат добросостојба и придонесуваат за оптималното здравје на потрошувачите.



Зимници и традиционални специјалитети

Ние зимниците и традиционалните специјалитети ги подготвуваме според традиционални македонски рецепти. Со примена на традиционални методи и внимателно постапување кон суровините при преработката можеме да го зачуваме вистинскиот вкус на домашната македонска кујна. Нашите производи се комплетно изработени од свежи органски зеленчуци, без додавање на конзерванси, згуснувачи, емулгатори, вештачки бои и ароми и претставуваат одличен додаток во секоја кујна.



Производи од домати и готови сосови

Благодарение на климата доматите во Македонија природно се со висок процент на суви материи и автентична арома. Сите наши доматни производи се подготвени со грижливи и манифактурни методи на производство, коишто го зачувуваат природниот карактер и хранливата вредност. Во производството се користат исклучиво свежи органски суровини, без додатоци на нискоквалитетно увозно доматно пире, вештачки бои, згуснувачи или конзерванси. ЕКО-ГРУП доматните производи се препознатливи по својата интензивна арома на зрели домати и богат природен вкус, без додаток на шеќер. Нашите производи се идеални за употреба во сите прилики кога имате потреба да подготвите супа од домати или доматен сос за тестенини, пици или да збогатите други готвени рецепти.



Саламурени, маринирани, закиселени производи

Ние нудиме асортиман на квалитетни закиселени, маринирани и саламурени производи со одличен вкус и квалитет. Нашиот асортиман вклучува голем избор на производи подготвени според традиционални рецепти, коишто го истакнуваат вкусот на традиционалната зимница. Нудиме бројни иновирани производи коишто се достапни единствено во нашиот асортиман. Нашите производи се бланширани, внимателно преработени и одлежани во солило неколку месеци пред нивното пакување. Тие не содржат конзерванси или пак сулфурни препарати, со што се избегнува можноста за појава на алергии.



Џемови и мармалади

Инспирирани од традиционалните рецепти, квалитетот и добриот вкус, ние подготвуваме џемови и мармалади од цело овошје. Притоа создадовме посебен начин на подготовка и користиме исклучиво свежо органско овошје без додаток на пектин, конзерванси, вештачки бои и ароми. Методите на подготовка се прилагодени за да се зачува богатиот автентичен вкус и карактеристичната боја на овошјето. За да произведеме висококвалитетен производи ние успеавме да направивме спој на традицијата и најдоброто од модерниот начин на живеење. Нашите овошни намази го имаат карактеристичниот вкус на овошје но содржат помалку калории од сличните производи. Сите производи во оваа палета се подготвуваат со пченичен или овошен сируп наместо рафиниран шеќер. Ваквите засладувачи содржат сложени јаглехидрати и побавно се метаболизираат во организмот во споредба со рафинираниот шеќер, па заради понискиот гликемичен индекс се погодни за различни диети.



Специјалитети од диви печурки и шумски плодови

Со почит кон убавината, разновидноста и богатството коешто го нуди природата, ЕКО-ГРУП подготвува уникатна палета на производи изработена од органски сертифицирани диви печурки, билки и шумски плодови. Сите суровини и состојки се собрани според принципите на одржливо собирање во еколошки чисти средини, далеку од загадувањето коешто се наоѓа во големите градови и индустриските зони. ЕКО-ГРУП ви нуди можност да уживате во овие подароци од природата подготвени според старите рецепти и ви овозможуваат повторно да ги откриете нивните заборавени автентични вкусови.



Нектари и природни сокови

Нашата идеја при подготовката на нектари и овошни сокови е да понудиме производи коишто имаат карактеристики и хранлива вредност која придонесува за добросостојбата на потрошувачите. Производите се подготвуваат на начин кој овозможува зачувување на карактеристиките и хранливите вредности на состојките кои ги употребуваме. Сите напитоци се подготвуваат од 100% органски сертифицирани свежи состојки и имаат уникатен и автентичен вкус на овошјето или состојките од коишто се приготвуваат. При подготовката не користиме рафиниран шеќер, индустриски овошни концентрати, вештачки бои и ароми, конзерванси или индустриски основи за подготовка на сокови. Нашите напитоци се природно концентрирани, природно благи и се дизајнирани да бидат вкусни при конзуирањето со или без додаток на вода. Талогот кој се јавува во производите е знак дека се автентични и препорачуваме да се протресат пред употребата.



Слатка

Нашите слатка се подготвуваат според традиционалните македонски рецепти, исклучиво од свежи, квалитетни и органски сертифициран плодови. Со цел да создадеме производи со врвен квалитет и автентичн вкус на домашната кујна, практикуваме грижливи и манифактурни методи на производство и се употребуваат единствено големи парчиња или цели плодови. Преку овие производи сакаме традицијата и вкусот на домашната кујна да ги донесеме во современиот начин на живеење. Направете промена и посакајте им добредојде на вашите гости на традиционален македонски начин, нудејќи им можност да ги вкусат нашите деликатесни слатка со врвен квалитет.



Засладувачи и сирупи

Нашите засладувачи претставуваат природни алтернативи за замена на рафинираниот шеќер (сахарозата), медот и вештачките засладувачи. Ние нудиме палета на органски сертифицирани засладувачи кои ги произведуваме самите или ги увезуваме за да ги употребиме во подготовката на нашите производи. Засладувачите кои ги нудиме можат да се употребуваат и при подготовката на колачи, десерти, џемови и мармалади, сладолед, напитоци и други производи. Ние нудиме засладувачи произведени од овошје, пченица, пченка, јачмен, и ориз. Некои од засладувачите имаат темна боја и можат да се користат како природни бои при подготовката на различни рецепти.



Мед и пчелини производи

Органскиот мед кој го нуди ЕКО-ГРУП има силна и карактеристична арома, богат вкус, голема густина и прекрасна боја. Нашиот мед вообичаено потекува од регионите на Кожув и Витачево и заради природните карактеристики на теренот е исклучиво богат со селен. Исхраната на сертифицираните пчелни семејства за време на зимскиот и пролетниот период се базира исклучително на природен мед и полен, без упутреба на рафиниран и нерафиниран шеќер или протеински додатоци. При одгледувањето на овие пчелни семејства се употребуваат единствено природни средства како замена за антибиотиците и синтетичките пестициди коишто се користат во конвенционалното пчеларење. Исклучителниот диверзитет на медоносната флора во Македонија овозможува медот и пчелните производи да содржат нектар и полен од мноштво лековити и ароматични билки што придонесуваат за одличниот и автентичен вкус, врвниот квалитет и лековитите својства. Нашите сертифицирани органски производи се произведуваат од сертифицирани пчелни семејства, лоцирани во оддалечените рурални средини, далеку од изворите на загадување.



Органски оцет

Ние произведуваме органски оцети со врвен квалитет произведени исклучиво од органско овошје. На природниот оцет му се препишуваат многу карактеристики кои имаат поволно дејство на здравјето и добросостојбата на организмот. Нашите природни оцети покрај благотворното дејство на здравјето можат да бидат од голема полза во секоја кујна и може да се употреби за збогатување на вкусот на разни видови салати и преливи, сосови, маринади, макала, мајонези и намзаи. Подготвени единствено од органско овошје, нашите оцети се природни, нерафинирани, неразблажени и не содржат конзерванси и синтетски киселини.

  • Органски вински оцет
  • Органски јаболков оцет

Вашите пораки се добредојдени!

Ние веруваме дека добрите производи и добрата услуга создаваат задоволни потрошувачи.
Сугестиите, поплаките и коментарите за критика или поддршка се секогаш добредојдени. На сите ваши пораки ќе одговориме во најкраток можен рок!

Контактирајте не

  • ЕКО-ГРУП Д.О.О
    ул.Рокомија
    бр.17
    Скопје
    Македонија


Производство

ЕКО-ГРУП нуди иновативен асортиман на висококвалитетни производи со кои поставува нови стандарди на пазарот.

Високо квалитетните суровини се пресудни за природниот вкус и квалитетот на производите. ЕКО-ГРУП своите производи ги подготвува од квалитетни суровини, кои се преработуваат во најкраток можен рок по нивната берба. Со цел да се осигуриме во свежината на суровините кои ги употребуваме во производниот процес, сите земјоделски површини од кои се снабдуваме се лоцирани на оддалеченост од 20 до 90 km од преработувачкиот капацитет.

Иновацијата, продуктивноста и квалитетот се нашите јаки страни. Развојот на нашите производи го правиме самите. Суровините ги произведуваме самите или ги откупуваме од локални производители кои ги делат нашите вредности. На тој начин воспоставуваме контролата над сите процеси и материјали во произодствениот процес, а со тоа и на квалитетот на производите.

Лицата вклучени во нашите дневни земјоделски активности се главно жени од локалното население. Ние сме горди на поддршката која ја даваме на локалната заедница, преку создавањето на можности за вработување на локалното население и нашиот придонес кон развојот на руралните региони.

Со растот на пазарните можности за органските производи, во пораст се и барањата за транспарентност на производителите во поглед на потеклото на суровините и квалитетот на производите. Нам ни претставува задоволство да ги информираме потрошувачите за нашите земјоделски и преработувачки активности, како и да одговориме на нивните прашања. Посетителите се секогаш добредојдени да ги посетат нашите производствени актиности. За да закажете посета ве молиме да нѐ контактирате.

Земјоделски активности

Македонските земјоделски производи имаат одлична репутација и се добро познати заради високиот квалитет, кој се должи на единствените климатски услови, неиндустријализираниот начин на производство и големиот број на сончеви денови. Од таа причина за нашите преработени производи обезбедуваме висококвалитетна домашна суровина. За да обезбедиме доволни количини на органски суровини за потребите на преработувачкиот капацитет, го координираме и раководиме со производството на повеќе производни површини во близина на селото Марена, помеѓу Неготино и Кавадарци. Дополнително за да се обезбедат соодветни количини на суровини со органски квалитет ЕКО-ГРУП соработува со одреден број на сертифицирани производители.

Без разлика дали се работи за земјоделски активности кои самите ги контролираме или се раководени од нашите добавувачи, настојуваме да воведеме современи агротехнички мерки, но исто така да ги вклопиме и традиционалните методи на производство. На овој начин се комбинираат придобивките од модерното органско производство и добрите еколошки практики но, и да се зачувува мудроста и стабилноста од минатото.

Ние секогаш се трудиме да одржуваме чесни и искрени односи со нашите добавувачи и практикуваме фер и транспарентен пристап во обид да ги подобриме нивните перформански преку:

  • Зависно од квалитетот на суровината, исплаќаме повисока цена за сертифицираните органски суровини во висина од 8-12%. Со повисоката цена го амортизираме повисокиот трошок кој производителите го имаат при практикувањето на органското производство.
  • Нашиот стручен кадар оддржува редовен контакт со производителите и дискутира за проблемите со кои се соочуваат за време на производството. Секако притоа се трудиме да изнајдеме решение за овие проблеми.
  • За време на зимскиот период организираме обуки за технките за органско земјоделско производство.

Преработка

Водени од предизвикот да обезбедиме квалитетни суровини и да ги преработиме на начин на којшто ќе го зачуваме нивниот природен карактер и квалитет, ЕКО-ГРУП го одбра Кавадарци во добро познатиот Тиквешки регион за место на кое ќе го лоцира преработувачкиот капацитет. Нашиот преработувачки капацитет практикува современи стандарди за управување со квалитетот и безбедноста на производите, како и строги мерки за минимизирање на влијанијата врз животната средина. Дополнително, во текот на целиот процес практикуваме традиционални методи и внимателно ракување со суровините при преработката. Од тие причини се фокусираме на употреба на повеќенаменска флексибилна опрема и производство на мали серии на производи.

ЕКО-ГРУП квалитет

- Посветеност кон квалитетот

Контролата и континуираното подобрување на квалитетот на производните процеси и производите е наш највисок приоритет. Секој производ е подготвен со внимание и посветеност кон квалитетот и традицијата. Супериорниот квалитет на нашите производи го постигнуваме преку практикување на традиционални методи на производство, и производство на уникатни производи во мали серии.

- Страст кон вкусот, здравјето и животната средина

Трите основни вредности кои го карактеризираат нашето производство се: зачувување на традицијата, почитување на животната средина и страста кон квалитетната храна. Затоа поставивме стандарди за квалитет кои се далеку повисоки од барањата на законските одредби. Овие стандарди за квалитет се постигнуваат преку внимателната преработка на суровините од органско потекло во вкусни манифактурни висококвалитетни производи.

- BNN ориентационите вредности

Ние сме посветени на усогласеноста со BNN ориентационите вредности за присуство на синтетски пестициди и конзерванси ( www.n-bnn.de ). Сите наши состојки и додатоци во производите се декларираат индивидуално, согласно барањата на стандардите кои се повисоки од законските одредби.

Водечки принципи на нашето производство

  • Нашите производи ги отсликуваат највисоките можни стандарди за квалитет.
  • Нашите брендови се синоним за ексклузивни природни производи.
  • Нашите производи гарантираат дека на нашите добавувачи им е обезбедена фер надокнада.
  • Ние не употребуваме адитиви како што е мононатриум глутаминат, вештачки ароми, бои и емулгатори.
  • Употребуваме исклучиво додатоци кои се одобрени за употреба во преработката на органски производи.
  • Сите наши производи се произведени без генетски модифицирани организми - ГМО.
  • Сите наши производи се произведени во согласност со меѓународните стандарди за безбедност на храната.
  • Ние практикуваме внимателна употреба на засладувачи, ја избегнуваме употребата на вештачки засладувачи и рафинираниот шеќер. Нашите производи ги засладуваме со мед, сушено овошје, билки, оризови, пченични или овошни органски сирупи.
  • Употребата на несертифицирани суровини е ограничена на неколку производи коишто јасно се декларирани и се нудат под посебен бренд.

Развој на производи

ЕКО-ГРУП континуирано инвестира во развој на нови производи и подобрување на рецептите со цел да ги задоволи очекувањата и на најпребирливите потрошувачи. Од таа причина развојот и производството на одредени производи можат да бидат иницирани од нашите потрошувачи. Ова е еден од најважните аспекти на нашата компанија. Нашата посветеност на иновативниот развој ни овозможува на пазарот да презентираме нови и честопати изненадувачки производи и континуирано да ја шириме нашата палета на производи.

Рецептите за подготовка на нашите производи се традиционални, избалансирани и вклучуваат природни состојки. Секој производ пред почетокот на производството се дегустира и коментира од страна на случајно избрани потрошувачи со цел да се добие реален впечаток и насоки за подобрување на производите.

Производите на ЕКО-ГРУП се подготвни со почит кон животната средина. Нашите етикети исто така ја потенцираат оваа наша посветеност. За таа цел информациите за рециклирање и отстранување на отпадоците ги поставуваме на челната етикета наместо на задната како што е вообичаена практика.


Трговски марки

Успехот во прехранбената индустрија се постига единствено преку исполнувањето на потребите и очекувањата на клиентите. Трговците во малопродажбата го практикуваат концептот на сопствени трговски марки за да го идентификуваат производот со брендот на малопродажното место. Ние ја препознаваме потребата на трговците да воспостават препознатлива понуда на квалитетни производи коишто ќе се разликува од понудата на конкурентите, и ќе креираат алтернативен избор за своите потрошувачи.

За нашите извозни партнери ние обезбедуваме етикетирање под нивни бренд. Ние ја сметаме довербата за брендирање на нашите производи како привилегија и признание на нашата способност да понудиме производи со врвен квалитет. Затоа гарантираме дека сите производи кои ги произведуваме и се пласираат под други трговски марки ќе бидат подготвени со истото внимание и посветеност како и производите кои се произведуваат за нашите брендови.


За нас

Основана во 2006 година ЕКО-ГРУП стартуваше како консултантска компанија во областа на земјоделието, безбедноста на храната, руралниот развој и заштитата на животната средина. Во 2009 година одлучивме да го надградиме нашето портфолио и нашата репутација, ефикасност и етика да ги пресликаме во преработка на прехранбени производи и органско производство и со тоа да станеме регионални лидери на органското движење.

Сеедно дали се работи за понудата на нашите услуги или производи, наша главна карактеристика е практикување на бизнис-модел со континуирана и конзистентна посветеност кон животната средина и социјалните аспекти. Наместо да ги избегнуваме општествените и еколошките одговорности, ЕКО-ГРУП ја препознава нивната важност. За таа цел ЕКО-ГРУП има постојана посветеност кон понуда на "најдоброто", промоцијата на еколошката одржливост и поддршката на регионалниот развој

Нашата филозофија

Одржливото производство може да биде остварено единствено ако истото се практикува во хармонија со животната средина, а не преку нејзиното загрозување. Затоа, наша посветеност претставува производство на квалитетни органски производи, коешто го поддржува развојот на органското производство и придонесува кон заштитата на животната средина. При планирањето на нашите активности постојано ги земаме предвид сите влијанија од еколошки, економски и социјален аспект.

Дополнитело, нашата филозофија е потврдена од нашата бинарна посветеност: традицијата и иновацијата.
Традиција: посветеноста кон традицијата се отсликува преку нашата мотивираност за зачувување на македонското наследство и производството на производи коишто се дел од традиционалната македонска кујна.
Иновација: нашиот ентузијазам за инвестирање во истражувањето и развојот води до воспоставување на нови производи и производни методи коишто ни овозможуваат да понудиме најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот.


Деловни вредности

Ние се грижиме за нашиот персонал. ЕКО-ГРУП е компанија во која на вработените им е пријатно да работат. Во компанијата владее фер атмосфера и меѓусебна почит. Добриот морал на вработените и долгорочните односи со вработените се важни за компанијата. Покрај високите очекувања за перформансите на персоналот, нашите вработени се секогаш охрабрувани, поддржувани и праведно наградени. Преку нашиот систем за поделба на профитот нашите вработени стануваат партнери во компанијата. На добавувачите на суровини им се обезбедува фер партнерство, имајќи ја предвид социјалната и економската состојба во нивните региони.

Ние ги цениме нашите потрошувачи и ги почитуваме нивните очекувања, сугестии и критики. Потребите на нашите потрошувачи ги водат нашите постапки. Наша трајна определба е на нашите потрошувачи да им понудиме најдобра услуга, најдобар квалитет и најдоар сооднос помеѓу цената и квалитетот.

Преку нашите активности ние се залагаме за заштитата на животната средина. При донесувањето на одлуките секогаш ги имаме предвид заштитата на природните ресурси, животната средина и биодиверзитетот. Ние се трудиме да практикуваме исклучиво производни методи кои ја минимизираат употребата на енергија. Со внимателниот избор и употреба на суровини како и преку другите постапки вклучени во процесите на производство и дистрибуција, нашите локални активности придонесуваат кон глобалниот учинок во заштитата на животната средина.

Ние сме свесни за потребата за заштита на животната средина и потребата од постоење на општествена одговорност. Веруваме дека органското производство е најважниот темел за одржливо земјоделско производство и има главен придонес за обезбедување на потребните количини на исправна храна. Со понудата на органски производи со висок квалитет по коректни цени и промовирањето на органското производство и еколошкиот стил на живеење, ние придонесуваме кон подобрување на јавното здравје и со тоа добросостојбата на луѓето како предуслов за позитивна енергија, среќа, креативност и позитивен начин на живот.

Визија и Мисија

Визија

Нашата визија е да станеме регионален лидер во производството на органски производи со премиум квалитет и да обезбедиме понуда на широка палета на органски производи во сите категории во коишто работиме.


Мисија

Со практикување на принципите на одржливост, иновација, продуктивност и ефикасност, нашата мисија е да произведуваме и нудиме органски производи со премиум квалитет, како и да го промовираме органското производство, доброто здравје и еколошкиот начин на живеење.

Нашите сертификати

Ние функционираме според сфаќањето дека квалитетот и безбедноста на храната се приоритети во производството и дистрибуцијата. Затоа редовно сме сертифицирани според:

  • Законот за органско производство на Р.Македонија Погледни
  • Европската регулатива за органско производство Погледни

Консалтинг

Иако сме релативно млада компанија основана во 2006 година нашиот персонал се карактеризира со функционалност, техничка експертиза и практично искуство. На тој начин на нашите клиенти им обезбедуваме ефикасни, професионални и висококвалитетни услуги. Исклучителната практичност, флексибилност и техничка експертиза во комбинација со нашата стручност, искуство и познавање на приликите ја прават нашата компанија идеален избор за имплементација на широката палета на услуги кои ги нудиме.

Земјоделство
ЕКО-ГРУП нуди континуирана поддршка на сите сектори во земјоделството.

- Изработка, импламентација и надзор на системи за управување со квалитет во земјоделството, вклучително: добри производни практики, GLOBAL G.A.P. и органско производство
- Поддршка во организацијата, структурирањето и бизнис планирањето на земјоделските активности.
- Управување со растително производство, животинско производство и управување на цела фарма
- Управување и оптимизација на ресурси
- Поддршка и развој на здруженија на земјоделци, задруги и групи на производители


Прехранбена индустрија

- Изработка и аудит на системи за управување со безбедноста на храната, вклучително: HACCP, GMP, ISO 22000, IFS, BRC, FSSC 22000
- Развој на нови производи
- Истражување и анaлиза на пазарот
- Изработка на стратегии за маркетинг на прехранбени производи
- Поддршка и развој на здруженија и групации на ниво на сектори или подсекторски групи во прехранбената индустрија
- Управување со набавка и вертикална интеграција


Животна средина

- Изработка и аудит на системи за управување со животната средина, вклучително и ИСО 14001:2004
- Изработка и аудит на системи за безбедност и здравје при работа, вклучително и OHSAS / ИСО 18001:2008
- Изработка на елаборати за добивање дозволи за интегрирано спречување и контрола на загадувањето
- Изработка на студии за оценка на влијанието врз животната средина и еколошки елаборати
- Профитабилно управување со животната средина
- Управување со енергетската ефикасност вклучително и ИСО 50001:2011
- Управување со отпад и отпадна вода
- Мониторинг на еколошките параметри
- Управување со природни ресурси, заштита на биодиверзитет
- Изработка на локални еколошки акциони планови и вршење на обуки за управување со животната средина и поврзаната легислатива

Препарати за земјоделство

Следејќи ја својата стратегија за понуда на висок квалитет, промовирање на еколошката одржливост и поддршката на регионалниот развој, ЕКО-ГРУП воспостави понуда на иновативни, висококвалитетни и еколошки погодни препарати за употреба во земјоделското производство.

ЕКО-ГРУП е овластен дистрибутер за повеќе препарати дозволени за употреба во органското производство, вклучувајќи препарати за заштита, органски ѓубрива и подобрувачи.

Наши добавувачи
Производи

Инсектициди

MADEX Twin

Биостимулатори

RhizoVital 42